И Никола Јокиќ позитивен на коронавирус

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е уште еден од спортистите од регионот кои се заразиле коронавирусот, објави РТС.

Јокиќ се дружеше и седеше до Новак Ѓоковиќ за време на прошталниот натпревар за тренерот Дејан Милојевиќ, кој реши да се раздели со Мега и да работи во САД.

НБА ѕвездата не чувствувал никакви симптоми.

Јокиќ утре требаше да патува за САД и да им се приклучи на подготовките на Денвер Нагетс за продолжението од НБА сезоната, но сега ќе мора да остане во родниот Сомбор.