
По вчерашната посета на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово и Чаир и пораките што ги упати на јавните собири, дури и на најнеупатените им стана јасно зошто САД и ЕУ не ги подржуваат неговите политики.
Одбивајќи да се сретне со политичари од македонската влада и земајќи си за право да ѝ држи лекција на македонската влада, Албин Курти само потврди дека неговите политики досегаат само до Тетово и до Чаир.
Да биде иронијата уште поголема, тој се дружеше само со претставници на македонската опозиција. Свесен е човекот за своите вредности, можности и перспективи.
Неговата посета, неговото однесување, пораките што ги упати, заедно со знамето на „Голема Албанија“ на собирот на кој присуствуваше, не претставуваат дипломатски гаф, туку срам!
И од Курти ако е, многу е!
Фејсбук статус на авторот