И Пике до раководството на Барса: Еве, ние не сме во клубот, кој треба сега да си оди?

Жерар Пике се појави со критика за актуелното раководство на Барселона предводено од првиот човек Жоан Лапорта откако пропадна обидот за враќање на Лионел Меси во клубот.

Иако се чинеше дека Меси ќе се врати во Барса, на крај се одлучи за преселба во Интер Мајами во МЛС лигата.

„Ете, клубот се уште има финансиски проблеми. Па сега кој треба да замине?“ – прашува Пике кој потсетува дека претходно беа критикувани тој, Бускетс и Алба за високите плати.

„Претходно ни се наметнуваше нас притисок дека ние сме виновни за финансиската ситуација поради високите плати. Ете, ние сега не сме во клубот, а тие не можат да го донесат Меси и покрај неговата огромна желба. Кој е виновен сега?“ – дополнува Пике.

И Меси претходно жестоко ја нападна Барселона…

„Не сум сигурен дека Барселона направи се што е во нивна моќ како би ме вратиле, искрено. Знам само она што Чави ми зборуваше. Тој многу сакаше да се вратам, но тој не одлучува. Сигурен сум дека во клубот има лица кои не сакаат да се вратам и кои мислат дека тоа би било негативно за клубот“ – рече Меси.