Бојан Јовановски попознат како Боки 13, осуден претходно во предметот „Рекет“, денеска повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство каде во 9.45 часот ќе дава исказ во врска со кривичните пријави кои тој ги поднесе против актуелни функционери на власта.
Претходно седмицата, додека Јовановски во обвинтиелтвото чекаше да биде сослушан, непознато лице за неговиот адвокат Сашо Дукоски и од непознат број со мутиран глас му се зканил дека треба да внимава што зборува пред обвинителот, а уште повеќе да внимава како се однесува неговиот клиент. Во спротивно, Дукоски и Јовановски ќе треба да внимаваат на своите животи и животите на членовите на нивните семејства.
Инаку, во текот на објавата на пресудата во случајот „Рекет“ и добивањето деветтгодипшната затворска казна, Јовановски порача дека милионските суми од рекетот кој се прави во државата треба да се бараат кај браќата Заеви.