Денеска медиумите објавија дека минатата година, Министерството за образование и наука доделило стипендија од 40 000 долари за студии во Холандија на ќерката на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Оваа информација предизвика бурни реакции во јавноста, особено поради тоа што ќерка на функционер е корисник на буџетски пари, при што постои конликт на интереси и секако, моралниот аспект е сосема изоставен.
Димитров на својот фејсбук профил, напиша дека е згрозен од вовлекување на неговото семејство со „очигледни политички мотиви“.
Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:
Пред се’, сакам јавно да и’ се извинам на ќерка ми, за грозните пораки што ги добила и за јавното изложување што го предизвикала единствено затоа што е одговорна и способна. Затоа што успеа да се запише на еден од најдобрите универзитети во светот. Гордост моја! Ударите за мојот политички ангажман упатете ги кон мене.
СИТЕ студенти кои 1) се запишале на еден од првите 100 универзитети рангирани на Шангајската листа 2) во област наведена во повикот, БЕЗ СЕЛЕКЦИЈА, БЕЗ ИСКЛУЧОК, добиле стипендија.
Програмата е воведена од претходната влада.Во 2017, немало ниту доволно кандидати. Со други зборови, НИКОЈ не одлучувал дали ќерка ми или некој друг кандидат ќе добие стипендија. Сите кои ги исполниле условите добиле стипендија. Јавно повикувам да се објават имињата на сите студенти кои добиле ваква стипендија во изминатите години, од воведувањето на програмата.
Згрозен сум од вовлекувањето на моето семејство со очигледни политички мотиви во време кога не’ чека историска одлука.