Данската премиерка Хеле Торнинг Шмит (46) од 3 октомври 2011 година е прва жена на оваа положба. Таа е неконвенционален шеф на држава, според критериумите на многу земји. Згодната русокоса која со задоволство флертува, ги наведува светските лидери на „непослушност“ како „селфи“ снимките со мобилниот телефон со Обама и Камерон на комеморацијата на Нелсон Мандела. Со гордост носи брендирана гардероба, а Данците ја неркуваат „Гучи Хеле“.
Mеѓутоа, данската премиерка, умее вешто да го искористи својот сексапил и елеганција, а притоа свесно гради имиџ на екстравагантна и самостојна личност. Ужива во вниманието на медиумите, бидејќи знае дека тоа и носи гласови.
Колку премиери, кога ќе им се постави прашањето за луксузната гардероба во која се шетаат, би договриле „Па не можеме сите да изгледаме како г…о“!
Во друга прилика, оваа политичарка во воен авион за Либија се качи во јакна, но на високи црвени потпетици и чанта„Гучи“, за што данските медиуми веднаш напишаа „ Хеле ја однесе чантата во војна“.
Госпоѓата Торнинг-Шмит својот сексапил максимално го искористи и кога требаше да ги придобие избирачите на изборите во 2011 година. Подоцна се испостави дека, за време на предизборна кампања, заедно се нејзиното име најчесто баран збор е и „гола“.
Набрзо потоа започнаа и приказните за нејзините скапи и суетни навики. Секоја нејзина чанта од британската марка „Малбери“ чини меѓу 7000 и 10.000 евра. Данските медиуми тврдат дека е опседната со ботокс, за да изгледа помладо.
Во приватниот живот на данската премиерка, скандалите се врзани за нејзиниот брак со Стивен Кинок, син на угледниот британски политичар Нил Кинок.
Сопружнциите живеат одвоено, а Кинок те престојува, те не престојува редовно во Данска, бидејќи тоа на брачната двојка им одговара заради пријава на данокот. Овој неконвенционален начин ги поттикна и гласиштата дека нејзиниот сопруг е бисексуалец, за што таа категорично негираше.
Сепак, премиерката на Данска не се занимава само со мода и скандали, туку и тоа како наоѓа време со својот неконвенционален пристап, сериозно да се позанимава со својата земја и нејзината економска политика.
Меѓу останатото, во Данска на нејзина иницијатива е воведено правилото, сите вработени секој ден да одработат 12 минути повеќе, што значи еден час дополнителна продуктивност неделно.
Исто така се зголемила и довербата на данските потрошувачи и зајакнувањето на економијата за време на нејзиниот мандат. Тамошните економисти овие мерки ги нарекоа „Хеле ефект“.