И согласноста на Макрон за отпочнување на преговорите, не е гаранција за скоро добивање на датумот

Финското претседателство со Европската унија во вторникот во Луксембург предложи да се одреди датумот за почетокот на пристапните преговори со Македонија, но не и со Албанија откако стана јасно дека нема никакви изгледи двете земји истовремено да добијат зелено светло, но и засега ниту овој предлог нема поддршка, па за него, веројатно, ќе расправаат шефовите на државите или владите на самитот во четврток и петок.

Според извештаите од Луксембург, повеќето земји биле за отворање на преговорите со двете земји, но изостанал неопходниот консезус за носењето на одлуката, поради противењето на Франција, додека Холандија и уште некои земји имаат резерви кон отворањето на преговорите со Албанија. Поради тоа финското претседателство со ЕУ предложи прашањето на двете земји да се раздвои, да се одобри за Македонија почеток на преговорите, а за Албанија да се одложи. Меѓутоа и овој предлог не доби поддршка.

Финската министерка за европски работи, Тути Тупураинен, и комесарот за пропирување на заминување, Јоханес Хан, по состанокот во Луксембург изразија надеж дека челниците на земјите членки на ЕУ ќе донесат позитивна одлука на самитот во четврток и петок.

„Во прашање се доведува веродостојноста на Европската унија. Се надевам дека челниците на земјите членки ќе бидат доследни и ќе ги исполнат ветувањата коишто ги дадовме“, рече Хан.

Најголемата пречка за доделувањето на датумот е Франција, којашто бара подолго одложување на одлуката за двете земји. Во јуни ЕУ ја одложи одлуката за одредување на датумот за почеток на преговорите за октомври. Одложувањето тогаш го бараа Германија, Франција и Холандија.

Во меѓувреме Германија ги острани своите резерви, и даде зелено светло за Македонија и Албанија, но одделно, Холандија го раздвојува меѓу двете земји како и некои други членки за кои е прифатливо отворањето преговори со Македонија, но, не и со Албанија. A, некои како Италија и Грција, во прв ред се исклучиво „датумот“ во пакет да им биде доделен на Скопје и Приштина. Меѓутоа, на отворањето на преговорите и за двете земји сѐ уште тврдо се спротиставува Франција.

И покрај предупредувањата дека ЕУ ќе го загуби кредибилитетот ако ги одбие двете земји, откако според нивните поддржувачи сториле сѐ што од нив се барала, а владата на Зоран Заев дури и направи светски преседан – го промени уставното име на земјата по барање на друга земја, како и предупредувањата вклучително и очајничките крици од Скопје – дека одбивањето би ги отрвориле портите во регионот за надворешно влијани, во прв ред на Русија и Кина, Париз и натаму бара одложување на одлуката.

Француската министерка за европски прашања Амели де Моншален порача дека не може да има напредок додека, како што рече Макрон, не заврши „длабоката реформа“ на правилата за членството во ЕУ. Ваквата француска позиција не само што предизвикува вознемиреност во Скопје и Приштина, туку го загрижува и Брисел поради натамошното одложување на процесот кој го подготвуваше и на кој се надеваше за да го спречи „надворешното пенетрирање“ во неговиот двор, односно на западен Балкан.

„Првото за што треба да се диксутира е како Европа да го реформира начинот на проширувањето и преговорите. Дали процесот е ефикасен? Од наш аспект – не е“, предупреди Моншален, кога процесот на проширување го опиша како „бесконечна сапуница“. Потсети дека Париз смета дека ЕУ ќе се соочи со премногу предизвици со уште две држави од Балканот, каде што сѐ уште се чувствуваат последиците од војните од последната декада на минатиот милениум и каде сѐ уште во голем обем се присутни криминалот и корупцијата.

Како што може да се прочита во француските весници, кои се повикуваат на дипломатски извори, Франција бара Советот на Европа да ја задолжи Европската комисија до март следната година да предложи нова методологија за пристапните преговори и да поднесе извештај за спроведените реформи во тие земји, во случајов Македонија и Албанија. Доколку ваквиот предлог на Париз биде прифатен во Брисел во четврток и петок, тоа би значело најмалку одложување до јуни следната година, кога таквите документи на ЕК би можело да се најдат пред земјите членки кои ја носат конечната одлука.

Неформално се споменува и можноста земјите членки формално на самитот во Брисел сега да се согласат со отворање на преговоритe, но притоа да постават услови за свикување на првата меѓувладина седница на којашто преговорите и официјално се отвораат.

Јасно е дека – не многу нешта, туку буквално сѐ – кога станува збор за добивањето датум за преговорите за Македонија зависи од позицијата на Франција. Имајќи ги предвид сите претходни најави на францускиот претседател Емануел Макрон, кој несомнено има амбиции и ставови да ја замени германската канцеларка Ангела Меркел на позицијата водечки политичар во Европа, за неопходноста од реформирање на ЕУ вклучително и на начинот на пристапување на новите членки, очекувано е дека Париз ќе бара отстапки по други теми важни за блокот. А тоа може да стане познато уште вечерва, по денешната повторна средба на Макрон и Меркел во Тулуз.