„ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава. Треба да се случи народ за Заев да престане да продава. Тоа е единствениот начин како можеме да го победиме овој човек кој се пазари со нашиот источен сосед. Или Заев, или Македонија. Оставка“.
Со овие зборови ВМРО-ДПМНЕ го најави протестот кој вечерва се одржа во Скопје.
Граѓаните го прифатија повикот. Сплотено излегоа пред македонската Влада и побараа оставка од премиерот Заев. Со македонски знамиња и гласни пораки порачаа дека нема да дозволат тој да тргува со се што е македонско.
На протестот присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, високи партиски членови, но пред се – голем број на граѓани. Порачаа дека ќе продолжат да протестираат додека Заев не поднесе оставка и не дојде крај на неговите погубни политики.