И Виена одлучи да ги задржи граничните контроли кон Словенија и Унгарија

18

Откако Германија одлучи да ги продолжи граничните контроли кон Австрија за уште шест месеци и по 11 ноември, официјална Виена одлучи да ги задржи контролите на својата граница со Словенија и Унгарија.

– Во согласност со околностите, ќе продолжиме со контролите што веќе ги спроведуваме на границата со Словенија и Унгарија, информира австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Пешорн.

Тој истакна дека се покажало оти кога се спроведуваат гранични контроли во срцето на Европа, тие имаат позитивен ефект во спречувањето на миграциските движења.

Пешорн рече дека има потреба да се продолжи со контролата бидејќи Германија одлучи да го направи тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.