И во 2004 година 95 отсто од граѓаните гласаа „против“ па референдумот беше неуспешен

Референдумот од 2004 година за територијална организација беше прогласен за неуспешен, иако над 95 проценти гласаа против, па никому нипто и процедурата си продолжи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашната емисија „Клик Плус“ на телевизијата „21“.

Мицкоски во дебатата со аналитичарот Алберт Муслиу и новинарот Лирим Дулови на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати договорот од Преспа ако помине на референдум објасни дека партијата ќе ја почитува волјата на народот.

За тоа се потребни два услови, да биде исполнет цензусот од 50 отсто плус еден, и ако од нив „за“ гласале над 50 отсто“. Тогаш е јасно дека народот го прифаќа договорот, па и ние како партија, за што ќе треба да се донесе одлука во органите на партијата- рече Мицкоски.

На контрапрашањето дали не би го направиле истото ако не излезат 900 ина илјади гласачи потребни за цензус, туку 850.000, од кои повеќето се  „ЗА“, Мицкоски одговори.

Во 2004 година имапе референдум за Законот за локалната самоуправа. На него излегоа над 454.000 гласачи од кои 95 проценти гласаа „против“, но излезноста беше под потребниот цензус и референдумот беше прогласен за неуспешен. Тогаш никој ништо не рече и процедурата за измени на Законот беа донесени. Законот си е закон и мора да се почитува, рече Мицкоски.