![szo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/szo.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Кај три деца во Грција, на возраст од 14 и 18 месеци и десет години, бил потврден хепатитисот што е веќе регистриран во неколку земји во Европа, за кој не е позната причината и потеклото. Вирусот ги напаѓа децата до 16 години.
Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) соопштија дека трите случаи ги исполнуваат критериумите на СЗО „за веројатни случаи“, а две од децата (14 месеци и десет години) имале симптоми, болки во стомакот, повраќање и треска, како и зголемени трансаминази. Третото дете, 18-месечно бебе, било асимптоматско, но исто така со покачени трансаминази.
Сите деца биле тестирани за вирусен хепатитис А-Е, но за него резултатите биле негативни.
Две од трите деца биле хоспитализирани неколку дена, не постоеле компликации и се во добра здравствена состојба.