Ибора го напушти Лестер за да се врати во Ла Лига

Играчот од средниот ред на Лестер, Висенте Ибора го напушти клубот за да се врати во Шпанија, каде потпишал постојан договор со Виљареал.

Кариерата на Ибора на стадионот „Кинг Пауер” не му донесе големи успеси, а неговиот престој во Англија траеше само една и пол година.

Тој дојде во Лестер од Севиља пред почетокот на сезоната 2017/2018 и изигра 37 натпревари за „лисиците”.

Договорот на Ибора со Виљареал е за период од четири години, што значи дека ќе остане во тимот до јуни 2023 година. 30-годишниот Ибора има три трофеи во Лига Европа, освоени за време на неговата четиригодишна игра за Севиља.