Контроверзниот напаѓач на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ испрати јасна порака до најголемите ривали од француската Прва лига, дека „светците” ќе ја прескокнат секоја пречка која ќе им се најде на патот.
„Се’ е во нашите раце, ние сме господари на нашата судбина. Се зависи од ПСЖ, но мора да продолжиме во истиот ритам, нема да застанеме се додека не ја исполниме зацртаната цел. Ќе имаме посериозен проблем само ако застанеме, ако се опуштиме и ако не го дадеме максимумот на секој преостанат натпревар. Сепак, јас сум убеден дека не постои таков тим во Франција кој може да ни застане, да ни биде пречка на патот. Никој не може да го споре ПСЖ. Постои само ПСЖ и никој друг”, изјави шведскиот интернационалец.
После 27 одиграни кола во француската Прва лига, ПСЖ е лидер на табелата и има осум бода повеќе од второпласираниот тим на табелата, Монако.