Ибрахим Дехари ќе биде новиот министер за странски инвестиции

Ибрахим Дехари ќе биде нов министер за странски инвестиции, дознава телевизијата Алсат М.

Дехари е кадар на ДУИ, бизнисмен, потекнува од селото Гајре, а во моментов е професор на Тетовскиот универзитет и е сопственик на ресторанот „Ара“ во Тетово.

Тој доаѓа на местото на сега веќе поранешниот министер за странски инвестиции Зоран Шапуриќ.