Шведскиот голгетер во редовите на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, го оперираше коленото, поради што мораше да го пропушти настапот на ЕУРО220.
Неговиот клуб соопшти дека операцијата на менискусот минала успешно и оти шведскиот напаѓач веднаш почнува со рехабилитација.
„Ибрахимовиќ беше подложен на артроскопија на левото колено, а операцијата беше успешна. Златан веднаш ќе го почне процесот на рехабилитација“, објави Милан.
Ибрахимовиќ се повреди на почетокот на мај во дерби натпреварот против Јувентус и не и се приклучи на шведската репрезентација за настапот на Европското првенство.
Според лекарските прогнози, Ибрахимовиќ од теренот ќе отсуствува два месеца, што значи дека, најверојатно, нема да биде подготвен за почетокот на новата сезона во Серија А, кон крајот на август.