Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ вчера потврди дека од идната сезона ќе игра за Манчестер Јунајтед.
Време е светот да дознае. Мојата следна дестинација е Манчестер Јунајтед, објави Ибра на својот Инстаграм профил.
Според пишувањата на британските медиуми, Ибрахимовиќ во Јунајтед ќе се приклучи до крајот на неделава. Како што пишува Гардијан, Ибрахимовиќ на Олд Трафорд неделно ќе заработува околу 220.000 фунти или 260.000 евра.
Во досегашата кариера тој има постигнато 392 гола на 677 натпревари, а минатата сезона е неговата најдобра откако 50 пати ја затресе мрежата на противникот.