
Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се прости од фудбалската репрезентација на неговата земја, а неговите осиграчи и селекторот жалат што тоа беше проследено со лош резултат.
Се надевав дека ќе има поубав крај во репрезентацијата. Мислам дека нема да најдеме нов Златан. Тој е посебен, единствен, рече селкторот Ерик Хамен по поразот од Белгија и елиминацијата од Европското Првенство.
Швредска на шампионатот во Франција го заврши натпреварувањето во групната фаза со само еден бод, а Ибрахимовиќ не успеа да постигне погодок. Тој го носеше репрезентативниот дрес цели 15 години, на 116 натпревари на кои постигнал 62 гола.