Ибраими ја скина мрежата на Сасуоло

Голем бод на незгодното гостување во Сасуоло освоија фудбалерите на Калјари, а израмнувачкиот погодок на натпреварот беше дело на репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими кој на стартот од второто полувреме успешно го изведе ударот од белата точка.

Вториот саботен натпревар од 33. коло во италијанската Серија А, дуелот на „Олимпико” помеѓу екипите на Рома и Аталанта заврши со сигурен триумф на римската “волчица” од 3:1.

Кога се во прашање денешните натпревари, најголема неизвесност се очекува на “Сан Паоло”, каде третопласиранот тим на табелата, Наполи ќе се обиде да забележи позитивен резултат во дуелот против секогаш незгодниот тим на Лацио.

Фудбалските медиуми во Италија се убедени дека поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев ќе добие шанса да настапи од првата минута.

Денеска на програмата: Болоња – Парма, Верона – Фиорентина, Наполи – Лацио, Милан – Катанија, Ливорно – Киево, Сампдорија – Интер, Торино – Џенова.