Тој во 50-та минута испрати вистинска бомба во голот на Челзи, а Петр Чех иако се испружи колку што е долг, сепак не успеа да стори ништо повеќе.
Инаку Агим Ибраими во текот на мечот играше со грип, побара да биде и заменет, но сепак остана во игра и постигна вистински еврогол. Според него, најзаслужни за тоа се тренерот и соиграчите, кои го бодреле и мотивирале да продолжи да игра.
“Тренерот и соиграчите ми дадоа сили да го издржам овој меч. Не беше лесно, со оглед на фактот дека немав доволно тренинзи неделава, дури и побарав замена, но сите ми рекоа дека морам да издржам до крај, за нашиот тим, за заедничката цел. Тоа ми даде додатна енергија, па останав на теренот до последниот судиски свиреж. Ние по секој пораз извлекуваме поука, така беше и овојпат, па одигравме многу подобро отколку на првата средба со Челси. Одигравме фантастичен меч, се боревме до самиот крај, имавме свои шанси исто како и Челси, но сметам дека резултат 1-1 е најреален” – изјави Ибраими за медиумите во Словенија.