Идентификувани сите жртви во кобната несреќа

Познати се имињата на сите 14 загинати во вчерашната трагична несреќа на автопатот Скопје-Тетово.

Точно 24 часа по кобната нереќа, Македонија сочуствува со семејствата на жртвите. Знамињата во главниот град се на половина копје, но и пред амабасадите и инеституциите во другите градови. Во трагедијата, живото го загубиja тројца студенти – двајцата на 19 годишна возраст – Ајдин Исмаили и Онур Садику студенти од Гостивар. Садику студирал на медиицинскиот факултет а беше погребан денеска, ден по несреќата. Третата жртва е Младиот Бобан Аврамоски, студирал на ФОН Универзитетот.

Почитувани, со длабоко жалење ве известуваме дека во вчерашната трагична несреќа загина и нашиот студент на Факултетот за дизајн и мултимедија – Бобан Аврамоски. Изразуваме длабоко сочуство до неговото семејство и семејствата на сите загинати. На повредените им посакуваме брзо закрепнување, соопштија од Универзитот преку социјланите мрежи.

Животот го загуби и Јовица Трпевски , имаше 25 години , кошаркар од КК Гостивар, син на пратеникот Благојче Трпевски. По смртта Македонска кошаркарска федерација соопшти дека се одложува Куп на Македонија.

Трагична сообраќајна несреќа синоќа ја зави Републиката во црно. Четиринаесет лица го загубија животот меѓу кои и млад кошаркар од клубот Гостивар. Поради новонастанатата ситуација Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра претстојниот викенд, се наведува во соопштението на Македонската кошаркарска федерација.

Жртва на сообраќајната несреќа е Зоран Давидовски, роден 81 та година, вработенен во Град Скопје од 2011 година, а како раководител на секторот за сообраќај од 2014 година.

Град Скопје денеска со тага ја прими веста за прераната и неочекувана смрт на својот колега и пријател Зоран Давидоски, кој трагично го загуби својот живот во вчерашната сообраќајна несреќа што ја потресе целата држава,  велат од Град Скопје/

Во кобната нереќа имаше и мажи и жени. Животот го загуби 30 годишната Валдете Хамити, мајка на две деца од село Дебреште. Настрадаа и Раметула Абдурахими, Трпана Јаневска , пензионерка од Гостивар, Есат Емрули, исто така од Гостивар, Бесим Фетаи од Врапчиште, Бејза Узеири од Долна Бањица, Бесим Камбери од гостиварското село Сенокос.

Само што ја добивме тажната вест дека во трагична сообраќајна несреќа вчера почина нашиот соселанец Бесим Камбери. Семејството да има трпение – напишаа блиските на Камбери социјалните мрежи. И тој беше погребан денеска.

Меѓу починатите уште еден гостиварчанец , дипломец на Правниот факултет во Скопје.

Павле Костоски бил ангажиран во Организацијата на потрошувачи.. Од таму и од Првниот факултет со сочуство до семејството.

Со голема тага соопштуваме дека нашиот драг и почитуван колега Павле Костоски го загуби својот живот во трагичната несреќа на 13.02.2019. Нашите мисли се со семејствата на починатите. Нека им е вечна слава“ – напишаа од Организацијата на потрошувачи.

Во сообраќајната несреќа го загуби и Дејан Ристевски, вработен во Народната банка.