ИДФ елиминира висок командант на Хезболах

Висок командант на Хезболах бил цел на израелски напад во јужен Либан, според Ројтерс. Мажот подоцна бил идентификуван од Sky New Arabic како Висам Ал Тавил.

Високиот командант, наводно, бил одговорен за бригадата Радван во областа, како и одговорен за нападот на израелската воена база викендов. Претставник на либанската безбедност изјави за АФП дека елиминираната цел имала „водечка улога во насочувањето на операциите во јужен Либан“.

Во неделата, израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека имало ракетен напад на Хезболах кој ја оштетил радарската инфраструктура во воздухопловната база Мерон на северот од земјата.

Во понеделникот првпат се појавија извештаи за напад на израелско беспилотно летало врз автомобил во пограничниот град Хирбат Салем, во јужен Либан, при што загинаа две лица. Хезболах потврди дека високиот командант бил цел на нападот.