![idze-najbrz-vo-polska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/idze-najbrz-vo-polska.jpg?resize=640%2C400&ssl=1)
На вчерашната трка од Европскиот шампионат на ридски патеки што се возеше во Полска, македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе победи. Тој во својата класа Н имаше време од 5:06.738 минути.
По двете возења Стефановски имаше втор резултат, но организаторот поради нееднакви услови на сите возачи реши да го повтори првото возење.
Оваа одлука нашиот автомобилист ја искористи најдобро и со повтореното прво возење натпреварот го заврши на првата позиција.
По овој триумф, Стефановски има освоено 143 поени и ја зголеми предноста во однос на најголемиот конкурент Јиржи Лос, кој сега има 78 поени.