Иеро поднел оставка од функциите во шпанската репрезентација

Фернандо Иеро нема да продолжи да работи како спортски директор на шпанската фудбалска репрезентација, ниту, пак да ја извршува селекторската функција, објави Шпанската фудбалска федерација.

Според соопштението на федерацијата, Иеро самиот одлучил да го напушти националниот тим и да побара нови “професионални предизвици”.

Шпанија во 2010 година во Јужна Африка ја освои светската титула, победувајќи го Холандија во финалето, а четири години подоцна во Бразил не успеа да дојде до нокаут фазата. Под водство на Хулен Лопетеги Шпанија се врати на победничките патеки и „Фуријата“ без пораз во квалификациите и на подготовките дојде во Русија.

Сепак, на само два дена пред натпреварот во Русија Лопетеги доби отказ откако „Реал Мадрид“ ја објави веста дека тој е наследник на Зинедин Зидан на клупата на „кралскиот клуб“.
Иеро, кој беше во Русија како директор ја презеде и селекторската функција, па со два нерешени натпревари една победа се пласираше во осминафиналето, каде изгуби од Русија.