
Пабло Мари е еден од луѓето кој беше жртва на крвничкиот напад со супермаркет во Милано, настан во кој едно лице беше убено, а играчот на Монца заедно со уште три лица беа повредени.
Шпанецот мораше да оди на операција и според информаците ќе биде во аут две месеци, односно толку време ќе му биде потребно да се врати во акција. Соиграчите на Мари и целиот тим, клуб е во шок и директорот Адријано Галијани побарал од Лега Калчо да се одложи првенствениот меч со Болоња закажан за в понеделник од 20:45 часот.
Останува да се види дали ова барање ќе биде одобрено, но она што е јасно е дека фудбалерите на Монца се уште не можат да поверуваат што му се случи на 29-годишниот дефанзивец.