Илјадници кабини за тестирање на Ковид-19 се поставени на тротоарите низ Пекинг и други кинески градови по неодамнешната одлука на кинеските власти во духот на стратегијата „нулта толеранција кон ковид“, што е во спротивност со пристапот на многу други земји кои значително ги ублажија епидемиолошките мерки.
Редици се формираат секој ден, без оглед на временските услови, дури и таму каде што ширењето на вирусот речиси престанало, бидејќи граѓаните мора да покажат негативен тест за да можат да влезат во деловни згради, трговски центри и да престојуваат на други јавни места, пренесува АП.
На големите градови им е наредено да постават кабини за тестирање за да може секој граѓанин да стигне до нив за најмногу 15 минути, а само Пекинг и Шангај имаат поставено најмалку 10.000 такви монтажни згради.
Тестовите се бесплатни, а резултатот може да се види во здравствената апликација за паметни телефони, приближно 12 часа по земањето на примерокот.
Овој потег на кинеските власти уследи по неодамнешната епидемија во Шангај, која се прошири толку многу што властите го затворија целиот град на два месецa за да стават крај на ширењето на вирусот, наведува АП.
фото: Танјуг