Илјадници луѓе во Франција и во Велика Британија учествуваа во саботата на протестите во знак на поддршка на Палестинците во атмосферата на последните судири меѓу Хамас и израелската војска.
Француските власти, за разлика од другите случаи претходно, го одобрија собирот во Париз, а собирот се одржа на Плоштадот на Републиката, како и во другите градови ширум земјата.
Минатата недела полицијата употреби солзавец и водени топови за да го растери пропалестинскиот собир кој се одржи и покрај забраната и на кој беа забележани помали немири. Тогаш десетици демонстранти беа уапсени.
Во Велика Британија илјадници луѓе се собраа во Лондон и во други британски градови во саботата протестирајќи против израелските воздушни удари во Појасот Газа во текот на судирот со радикалното исламистичко движење Хамас.
Демонстрантите во Лондон повикаа и на воведување санкции против Израел. Некои беа замотани во палестински знамиња и фрлаа чадни бомби во зелена и црвена боја. Други, пак, носеа плакати на кои пишуваше „Запрете го бомбардирањето на Газа“, „Санции за Израел“ и „Слободна Палестина“.
Судирот меѓу Израел и палестинските минитланти во Појасот Газа беа прекинати во петокот утрото по 11 дена меѓусебни масивни ракетирања и бомбардирања. Притоа убиени се 248 луѓе во газа од кои 67 деца во Газа, и 13 луѓе во Израел од кои две се деца.