Илјадници луѓе се собраа во саботата на неодобрениот соби на истокот на Швајцарија, протестирајќи против рестриктивните мерки воведени за сузбивање на ширењето на коронавирусот во земјата.
Демонстрантите, од кои според медиуските извештаи само некои носеле заштитни маски, се движеле во поворка во гратчето Раперсвил-Јона, носејќи швајцарски знамиња и извикувајќи „Слобода!“.
Според процената на локалната полиција, околу 4.000 луѓе учествувале во мирниот протест на пивикот на групацијата Stiller protest (Тивок протест).
Локалните власти соопштија дека се обиделе да ги одвратат демонтрантите од собирот, предупредувањејќи дека протестот е незаконски. Полицијата, пак, соопшти дека накусо привела две лица и на 24 часа протерала од градот 45 лица.
Демонстрантите ја обвинуваат швајцарската влада дека користи „диктаторски овластувања“ за да ги наметне рестрикциите кои треба да го запрат ширњето на Covid-19.
Швајцарија има систем на постепено укинување на рестрикциите. Оваа седмица започнаа да работат спортските објекти и терасите на угостителските објекти. Но критичарите сметаат дека враќањето во нормалниот живот оди пребавно.
Швајцарија, којашто има 8,6-милионско население, пријави речиси 650.000 заразени со коронавирусот и речиси 10.000 починати од почетокот на пандемијата. Здравствените власти во саботата соопштија дека во саботата ги откриле првиот случај на зараза со индискиот сој на коронавирусот.