7.8 C
Skopje
вторник, ноември 12, 2024

Илјадници се собраа на местото каде Мартин Лутер Кинг ја кажа историската реченица

Илјадници луѓе се собраа во Вашингтон за да ја одбележат 57-годишнината од историскиот марш за граѓански права и да протестираат против полициското насилство, објави Би-Би-Си.

Семејствата на Афроамериканците ранети или убиени од полицајци зборуваа на истата локација каде што Мартин Лутер Кинг Џуниор го одржа својот славен говор „Имам сон“.

Настанот беше насловен „Марш со посветеност: тргнете ги колената од вратовите“, што се однесува на убиството на Џорџ Флојд што предизвика протести низ Соединетите држави.

Во меѓувреме , избувнаа нови протести поради полициското ранување на друг црнец, Џејкоб Блејк.

На собирот се обратија роднини на Блејк и Флојд, Брона Тејлор и Ерик Гарнер.

Ним им се придружи активистот за човекови права, пасторот Ал Шарптон и Мартин Лутер Кинг III, најстариот син на Лутер Кинг.

Настанот се одржува во време на насилни протести за повредениот на Блејк. Полицијата го рани во неделата, а две лица беа убиени во протестите во Кеноша, Висконсин.

Од смртта на Флојд во мај, маршевите за поддршка на движењето „Црните животи се важни“ против расизмот и полициската бруталност се раширија низ Соединетите држави и светот.

Кандидатот за демократски потпретседател Камала Харис се очекува да се обрати на собирот преку видео врска.

Маршот во Вашингтон во 1963 година е историски американски настан што е заслужен за донесување на Закон за граѓански права и завршувањето на сегрегацијата во 1964 година.

Околу 250.000 луѓе тогаш маршираа од споменикот на Линколн до споменикот на Вашингтон во еден од најголемите политички собири што ги видела земјата дотогаш.