![70397520_906](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/70397520_906.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Илјадници луѓе учествуваа во четвртокот во антивоените протести во германската престолнина Берлин, противејќи се, во прв ред, на испраќањето на оружје на Украина како помош во справувањето со руската инвазија, пренесува AFP.
„Преговори! Без оружје!“, „Не на војната“, „Пацифизмот не наивен“ биле меѓу слоганите на транспарентите на овие демонстранти, според процените на берлинската полиција околу 10.000, кои се одзвале на повикот на радикалната левица.
Собрани во центарот на Берлин на државниот празник со кој се одбележува повторното обединување на Германија во 1990, многу од демонстрантите вееле знамиња со симболот на гулабицата на мирот, а имало и антиамерикански слогани.
Овој протестен собир се одржува една седмица пред најавената посета на американскиот претседател Џо Бајден во официјална посета на Берлин, што е прва таква од посетата на претседателот Роналд Реган во 1985 година, според германското претседателство.
Во прв ред, Бајден би требало да учествува на состанокот во американската воздухопловна база Рамштајн, на западот на Германија, на земјите кои ја вооружуваат Украина во нејзината војна против Русија.