Илјадници во Мадрид бараат оставка од Санчез поради амнестија на каталонските сеператисти

Илјадници демонстранти се собраа во неделата во центарот на Мадрид за да побараат оставка од социјалистичкиот премиер Педро Санчез поради предлог-законот за помилување на политичарите и јавните личности во Каталонија кои го организираа забранетиот од владата и Врховниот суд референдум за независност во октомври 2017 година.

Владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија (PSOE) на Санчез во замена за поддршката за формирање влада, се согласи со партиите Заедно за Каталонија (JxCAT) и Каталонската републиканска левица (ERC) за законот, кој парламентот се очекува да го усвои во четврток.

Неколку здруженија изведоа околу 15.000 демонстранти на улиците на Мадрид под слоганот „Има ипремногу причини, Санчез оставка!“, соопшти регионалната влада. Организаторите на протестот тврдат дека излегле 400.000 луѓе.

Протестот беше поддржан од најголемите десничарски опозициски партии, Народната партија (PP) и Глас (Vox).

„Не во мое име. Нема амнестија, нема самоопределување“, пишуваше на транспарентите додека демонстрантите вееја црвено-жолтите знамиња на Шпанија.

Санчез, чија малцинска левичарска влада зависи од поддршката на регионалните партии во Каталонија, но и од оние кои се залагаат за независност на другиот регион Баскија, претходно имаше намера да воведе закон за амнестија, но тој не беше усвоен поради несогласувања околу некои детали. Усогласувањето на позициите го отвори патот за гласање, бидејќи овие партии заедно имаат мнозинство мандати во парламентот.

„Санчез му се поклони на (каталонскиот) национализам“, рече Долорс Монтсерат, европратеничка од PP за време на протестот и најави дека опозицијата ќе продолжи со протестите.

Законот за амнестија ќе ги суспендира сите постапки против неколку стотици Каталонци кои пред седум години по забаранетиот референдум прогласија независна Република Каталонија, која не заживеа, со 7,5 милиони жители и со најголем удел во вкупната шпанска економија.

Санчез минатата седмица повтори дека целите на законот се „соживот“ и „помирување“.

Поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија од референдумот во 2017 година, може да се врати во Каталонија во јуни и има намера да се кандидира на европските избори истиот месец. Шпанија досега неуспешно побара од Белгија нивна екстрадиција, Брисел историски ги отфрла таквите барања на Мадрид, а амнестијтаа ќе го повлече барањето на судот во Мадрид за негово апсење и судење.