Илија Димовски: Предлог-мерката на Филипче неуставна, полиција не може да влезе во вашиот дом ниту со налог на обвинител

Поранешниот пратеник Илија Димовски реагира на најавите на министерот за здравство, Венко Филипче, кој на вчерашната прес конференција истакна дека Комисијата за заразни болести до Владата како една од мерките за заштита од корона вирусот ќе предложи да биде забрана за масовни собирања во домовите, односно едно семејство да може да прими најмногу четворица гости.

За поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ ова е неуставна мерка, иако ова не значи дека полицијата своеволно ќе упаѓа во домовите, туку ќе постапува по пријава од соседи или некое друго засегнато лице.

„Совет до граѓаните: Според Уставот на Република Македонија, член 26, полицијата може да влезе во вашиот дом САМО И САМО со одлука на СУД… Никако влезот не смее да биде само со налог на Јавен обвинител, тоа е неуставно. П.С. Време е да се почитува Уставот, секако оваа власт и насилно обвинителство скапо ќе ја чини државата со оштети во следниот период“, напиша Димовски на Фејсбук.

Овој предлог е еден од трите кои вчера како можност ги најави Филипче како реакција на се поголемиот број на позитивни случаи на Ковид-19, а останува да се почека дали Владата ќе ја прифати предложената мерка.