Педесет и кусур дена ги повикувавме да се откажат од Тиранската платформа, сега бараме избори за таа платформа која е правена во туѓа држава. Комесарот Јоханес Хан во Белград им порачал на тамошните власти дека оние кои што протестираат во Белград мораат да бидат слушнати и да водат дијалог со власта, а овдека не сакаше да се сретне со 200 илјадите луѓе кои тој ден беа на улиците на Македонија, тоа се тие двојни стандарди против кои се бориме и нив ќе ги победиме изјави Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
-Денес е еден важен ден, песната која ја пееме вика „со нас чекорат хероите“ денес е 24 април, денот кога во 1905-та година својот живот во саможртва храбро го положија Петар Ѓоргиев, Јордан Иванов, Војче Славев, Јованчо Стефанов, Ванчо Србаков и другите кои биле предводени од Христо Узунов.
Граѓаните со громогласен аплауз им одадоа почит на загинатите, а она за што се бореле тие во минатото е она за што се борат и тие денес, рече Илиевски.
-Тие се бореле да ја добијат ние се бориме да ја зачуваме оваа држава која ја имаме, потенцираше тој.