Богдан Илиевски, во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ рече дека Зоран Заев е првиот човек кој го начна идентитетот на македонскиот народ и сите граѓани кои живеат во Македонија. Според него тоа го направо со потпишувањето со Договорот од Преспа, а истото се случува и со Догворот со Бугарија.
„Прашање е само кога ова ќе заврши што го прави Зоран Заев во целата држава. За референдумот граѓаните беа убедувани дека ќе гласат за европска Македонија односно беа убедувани дека со договорот со Грција и Бугарија мед и мелко ќе тече по улиците. Тие луѓе се излажани. Една работа која е многу важна и не треба да ја заборавиме дека Заев не е бранител на македонскиот идентитет, бидејќи по ветото од Бугарија тој се обидува да се позиционира како човек кој го одбранил идентиетот. Идентитетот на македонскиот народ и на граѓаните кои живеат во Република Македонија беше начната со Преспанскиот договор. Немаме Македонска опера и балет имаме Национална опера и балет, немаме Македонски народен театар имаме Национален македонски театар. Истото е и со Бугарија но дури и малку пострашно . Јас договорот со Бугарија не можам да го нарешач договор за добрососедство зошто не е таков договор“, рече Илиевски