СДСМ систематски работи на планот за полнење на државната администрација со неспособни партиски кадри, на владејачката партија ѝ пречи тоа што од кандидатите за вработување во државна институција се бараат сертификат за англиски јазик и психолошки тест и со новите измени во Законот за администрација, ги укинува сите тестови и значително ги спушта критериумите, а со тоа отвора можност за целосно да ја партизира администрацијата, обвини во вторникот на прес конференција Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Илиовски потсети дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ воведе услов кандидатот да приложи диплома од Тоефел или Кембриџ, каде не одлучува „ниту ВМРО ни СДС“ туку знаењето.
Истакна, исто така, тествите се полагаат во нивни простории низ Македонија и го гарантираат знаењето на кандидатот. Оттаму, според Илиоски, доколку СДСМ навистина сака кандидатите да не ги плаќаат трошоците може да одвојат за тоа средства од Буџетот, а не да прават местенки на од Владата организирани полагања по англиски јазик.
„СДС со измените не само што оневозможува во администрацијата да влезат најстручните и најкомпетентните, туку целосно оди спротивно на европските стандарди. Би сакале да ја потсетиме новата влада дека токму Европската Комисија активно учествуваше во подготовката на законите и две години, преку пишани документи, инсистираше на нивна ригорозна имплементација забранувајќи било какви измени“, рече Илиоски.
Додадек дека МРО-ДПМНЕ е одговорна партија и дека нема ништо против вработувања на позиции кои се неопходни за непречено функционирање на администрацијата, но само под услов да се почитуваат законите и тоа да се прави во транспарентна и конкурентна процедура, во која работа ќе ја добијат оние кои за тоа се најквалификувани.
„За жал, од тоа што јавноста можеше да го види, во два ипол месеца од изборот на новата влада вработени се стотици и стотици лица, и тоа твитерџии, револуционери, роднини, пријатели, кумови и други, како внатрешни, надворешни, посебни, специјални и не знам какви советници и соработници. Вработени се преку скратени постапки или без никакви постапки, преку привремени вработувања и авторски договори. Замислете, стотици вработени, а ниту еден вработен по претходно спроведена мерит постапка по Законот за административни службеници. Срамно е како се изигруваат законите кои да, предвидуваат и можност за привремени вработувања, ама само за краткотрајни ангажмани, за замена на отсутни вработени или заради други слични околности или, пак, најмногу еден, двајца или тројца посебни советници во кабинетите на министрите до истекот на нивниот мандат“, рече Илиоски.
Според него, трагедијата да биде уште поголема, ваквите вработувања на лица без квалификации се вршат на секое ниво. Токму затоа на последната седница на која новата влада именуваше 67 функционери и директори, нема ниту еден кој е трајно именуван, туку сите се назначени за В.Д, вршители на должност додека ги исполнат и оние минимални законски критериуми.
„Како ќе ги исполнат ако лице со средно образование е избран за директор на болница каде што според закон се бара високо образование, специјалист од една област на медицината за директор на институт од сосема друга област, лица без ден работен стаж за директори на разни агенции, а законски услов е најмалку 5 години. Да не зборуваме за познавање на странски јазици за функционери и директори кои на меѓународен план треба да ја претставуваат државата. Новата Влада јавно му се спротивставува на Брисел и најавува скршнување од европскиот курс. Искрено се надеваме дека Европската комисија ќе биде принципиелна како што беше и досега, и ќе продолжи да инсистира на деполитизација на администрацијата“, продолжи Илисоки
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ порача дека казната за неодговорното однесување на СДС и хаосот што го креираат во државата ќе стигне на 15-ти октомври.