ВМРО-ДПМНЕ бара Зоран Заев веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Струмица. Само во тој случај градоначаникот Зоран Заев ќе има образ да бара било што од градоначалникот Владимир Талески. Ова денеска на прес-конференција во Битола го посочи пратеникот и член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.
Така и само така – со оставка и на ниту ниту еден друг начин, граѓаните можеби и ќе им поверуваат дека СДСМ се залагаат за правна држава во која се почитуваат законите и демократските принципи. Зоран Заев лицемерно ги обвинува другите за криминал, а самиот без око да му трепне го игнорира фактот дека е единствен градоначалник кој бил во притвор во Истражниот затвор во Скопје обвинет за криминал тежок 8 милиони евра, рече Илиоски.
Чесните социјалдемократи, рече пратеникот, самите го бараат одговорот зошто СДСМ бесрамно дозволува да биде заложник на единствениот аболициран криминалец во Република Македонија Зоран Заев, кој е свесен за својата вина и ја злоупотребува партијата и целата држава, само и само да се спаси од кривична одговорност за сопствениот криминал за кој постојат несоборливи факти, аргументи и докази.
Владимир Талески е еден од најуспешните градоначалници во Република Македонија и неговата единствена вина е што е градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и според сценариото на СДСМ, тој треба јавно да биде дискредитиран во политички инструирана постапка на СЈО. Тоа го знаат и битолчани кои од 2005 година наваму во три изборни циклуси безрезервно му даваат поддршка на Талески. Таа поддршка се стекнува со програми и проекти за кои се гласа исклучиво на избори и не може да се наруши со неколку злонамерни коментари на социјалните мрежи, а уште помалку со протести на два-триесет луѓе кои блокираат улици. Почитувани од СДСМ, немате образ да барате оставка од Владимир Талески се додека Зоран Заев неподнесе оставка на функцијата градоначалник на Струмица и не ги врати 8те милиони евра кои ги украде за со нив да се изградат градинки, училишта, болници,а не да се руши државата, рече Илиоски.
Тој нагласи дека дури и на Зоран Заев му е јасно дека обидот за политички прогон на Владимир Талески е без основа, не е поткрепен со ниту еден издржан аргумент и нема никаква законска и правна оправданост.
-На Зоран Заев исто така му е повеќе од јасно дека колку и да бега, еден ден ќе мора да се соочи со судот на народот, да биде жестоко поразен на избори и кривично да одоговара за секој криминал со кој го оштетил сопствениот народ и сопствената држава. За да му олесниме бидејќи е многу „зафатен“, оставката за Зоран Заев е веќе подготвена и треба само да ја потпише. Ќе му биде врачена во понеделник, заклучи Илиоски.