Дел од невладините здруженија, како и од албанската дијаспора, испратиле барање до Села и Касами да направат коалиција предложувајќи го Илјаз Кадриу за претседателски кандидат. Станува збор за потпретседател на едно од здруженијата на албанската дијаспора во САД, пишува пораталот nezavisen.mk
„Не би сакале да веруваме дека оваа нивна одлука дојде како последица на затворената врата и презир кон ДУИ во однос на нивната лажна идеја за консензуален кандидат со СДСМ, а во минатото со ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваме дека одлуката на ДУИ се должи на предизвикот на претседателот Зијадин Села упатен јавно преку медиумите за соочување со ДУИ. Бидејќи ДУИ го прифати овој предизвик, ги охрабруваме да го прифатат и другиот – распишување на предвремени парламентарни избори“, велат од партијата, за порталот.
Во опозицискиот дел од Беса веќе понудија сите албански партии да имаат еден заеднички кандидат со цел да се факторизирал гласот на етничките Албанци.
„Во тој контекст, подготвени сме за соработка со сите што размислуваат како нас“, велат од Беса на Билал Касами.
Таа нивна идеја, според информациите што стигнуваат зад кулисите, нема реална основа. Напротив, албанската опозиција, раководејќи се според рејтинзите и анкетите што самите ги подготвуваат, размислуваат за заеднички настап со цел во првиот круг од претседателските избори, да ја совладаат владејачката ДУИ што ќе биде показател на трендот што планираат да го заокружат со голема победа на парламентарните избори, кога и да се одржат.
Целиот текст можете да го прочитате на nezavisen.mk.