Илон Маск би ги продал акциите во „Tesla“ за да го спаси човештвото од глад

Основачот и сопственик на производителот на електрични автомобили „Tesla“ и на вселенската корпорација „SpaceX“, американскиот претприемач Илон Маск, кој предхотно седмицава беше на врвот на листата на најбогатите луѓе на планетата според рангирањето на Forbes, изјави дека е подготвен да се откаже од дел од своето богатство за да го спаси човештвото од глад.

Претходно извршниот директор на Светската програма за храна при Обединетите нации (WFP), Дејвид Бисли, го повика Илон Маск да донира средства во полза на борбата против гладта за да се спречи „катастрофа“. Според процените на телевизијата CNN, само 2 отсто од богатството на Маск, кое моментални изнесува 289 милијарди долари, се доволни за да се спречи заканата од глад во светот.

„Доколку WFP може да објасни во оваа низа твитови како 6 милијарди долари можат да го решат проблемот со гладта во светот, подготвен сум да ги продадам акциите во ‘Tesla’ да го решам. Но финансиските извештаи мора да бидат отворени за јавноста, за јавноста да може точно да види како и колку пари се трошат“, напиша Маск на Twitter.

Неодама Маск, критикувајќи го предлогот за „данокот за милијардерите“ во САД, изјави дека планира да ги потроши своите пари за да го испрати човештвото на Марс.