Илон Маск донесе „лавабо“ за да му биде лабаво во Твитер, а утре ќе треба да наброи 44 милијарди долари

Со нов мијалник во рацете најбогатиот човек во светот, Илон Маск, влезе во канцелариите на компанијата Твитер, која има рок до утре, 28 октомври, да ја купи за 44 милиони долари, пишува Гардијан. Зборот за мијалник, „sink“, на англиски значи „тоне“, а фразата „let it sink in“, значи да „легне работата“:

„Влегувам во седиштето на Твитер – нека ми се угоди!“ твитна Маск во средата и објави снимка од лобито на компанијата во Сан Франциско.

И покрај театралниот влез на Маск во седиштето држејќи мијалник, сè уште не е јасно дали неговото купување на Твитер е финализирано. Од Твитер потврдиле за Асошиејтед прес дека видео твитот на Маск е реално, но не сака дополнително да коментира.

Маск, исто така, го смени својот профил на Твитер за да се нарекува себеси како „Главен Твит“, а неговата локација како седиште на Твитер.

Во претходните месеци Маск се тужеше со Твитер затоа што компанијата не сакаше да објави колку спам-профили постојат на социјалната мрежа. Според Маск нивниот број е над 5 отсто што според него ја прави цената од 44 милијарди долари превисока. Неодамна Маск се откажа од барањето за објавување на спам профилите и веројатно ќе го комплетира купувањето.

Група банки, вклучувајќи ги Морган Стенли и Банката на Америка, на почетокот на оваа година потпишаа дека на Маск ќе му позајмат 12,5 милијарди долари од парите што му се потребни за да заврши трансакцијата.