Илон Маск ќе се обиде како водител на емисијата „Saturday Night Live“

Милијардерот и претприемач Илон Маск, основачи и прв човек на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“ ќе биде домаќин на емисијата „Saturday Night Live“ на 8-ми мај којашто ќе биде емитувана на американската телевизиска мрежа NBC News, а гостинка ќе му биде музичката ѕвезда Мајли Сарјус, објави порталот The Verge,

Во соопштението за медиумите издадено од организаторите на емисијата, Маск се опишува како „извршен директор на Tesla и главен инженер на SpaceX, кој во април го лансираше вториот оперативен лет на своето летало Dragon на Меѓународната вселенска станица“.

Маск гостувањето го потврди и најави на својот акаунт на Twitter. Мајли Сајрус шести пат ќе биде музички гостин на „Saturday Night Live“.

Претприемачот е познат по својата несекојдневна смисла за хумор на Twitter, кој му е омилен начин на комуникација преку социјалните мрежи. Меѓутоа, допрва ќе се види дали навистина е толку духовите и харизматичен за да како водител пред екраните го задржи вниманието на гледачите во популарната 90-минутна емисија која се емитува во доцните ноќни часови.

Маск претходно имаше повеќе забележителни медиумски настапи, како кога „дуваше“ во поткастот на Џо Роган, а се појави и во камео улога во филмота „Iron Man 2“. Во камео улога се појави и во една од епизодите на анимираната серија „Симпсонови“ и во серијата „Теоријата на Големиот тресок“, како и во нејзиниот спиноф „Младиот Шелдон“.

На веста реагираа бројни корисници на социјалните мрежи. Еден од нив напиша „Се прашувам колку Маск им платил на NBC и Лорн Мајклз за ангажман во емисијата. Се обложувам дека сумата е доволна за финансирање на целата сезона на SNL 2021/2022“.

И многумина професионалци ги изненади изборот на организаторите на емисијата на Маск да му ја понудат улогата на водител. Досега емисијата ја водеа комичари и актери, а ова е првпат да ја води милијардер и претприемач.