Сопственикот на Твитер, Илон Маск навести дека со ребрендирање на сината птица во буквата X, ќе ја одведе социјалната мрежа во нова насока, откако призна дека огласувачите бавно се враќаат на платформата.
Промената уследи по неодамнешното признание на Маск дека во споредба со претходниот период, приходите од реклами се речиси преполовени. Како резултат на овој и големиот долг, приливот на пари е во минус.
— Elon Musk (@elonmusk) July 23, 2023
„Привременото лого X ќе се појави подоцна денес“, твитна Маск во неделата, додавајќи дека „X.com“ сега ќе води до страницата на Твитер. Компанијата X Корп на Маск е сопственик на Твитер.
https://t.co/bOUOek5Cvy now points to https://t.co/AYBszklpkE.
Interim X logo goes live later today.
— Elon Musk (@elonmusk) July 23, 2023
Милијардерот во објавата рече дека сака да го промени логото на Твитер, па ги праша своите милиони следбеници дали им се допаѓа идејата за промена на основните бои на страницата од сина во црна. Тој објави слика од стилизиран Х на црна позадина со темата на вселената.
Change default platform color to black
— Elon Musk (@elonmusk) July 23, 2023
„Наскоро ќе се збогуваме со брендот Твитер и постепено, со сите птици“, рече тој.
Компанијата најави дека подоцна ќе ги коментира промените.