„Многу сум возбуден што сум во Бразил за лансирањето на Starlink за 19.000 училишта без конекција во руралните области и за еколошки мониторинг на Амазон“, напиша на Твитер Илон Маск, најбогатиот човек во светот и извршен директор на SpaceX и Тесла, во попладневните часови денес, објавувајќи го договорот со јужноамериканската земја за усвојување на нејзиниот сателитски систем за пристап до интернет.
https://twitter.com/elonmusk/status/1527645516258955266?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1527645516258955266%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fespreso.mk%2Fvi-preporachuvame%2Filon-mask-od-brazil-nosam-internet-vo-amazonija%2F
Маск се сретна со претседателот Жаир Болсонаро, кој во својата неделна објава на социјалните мрежи го најави доаѓањето на „многу важна личност која е препознаена низ целиот свет“ и која „доаѓа да ја понуди својата помош за нашата Амазонија“.
-Conversei há pouco com @elonmusk , que visita o Brasil a convite do Ministro @fabiofaria . Entre outros assuntos, tratamos de conectividade, investimentos, inovação e o uso da tecnologia como reforço na proteção de nossa Amazônia e na realização do potencial econômico do Brasil. pic.twitter.com/mijIdgvJS5
— Jair M. Bolsonaro (@jairbolsonaro) May 20, 2022
„Пред малку разговарав со Илон Маск, кој беше во посета на Бразил на покана на министерот Фабио Фарија“, твитна бразилскиот претседател од својот официјален профил.
„Помеѓу другите теми“, нагласува Болсонаро, „зборувавме за поврзување, инвестиции, иновации и употреба на технологија за зајакнување на заштитата на нашата Амазонија и за економски развој на Бразил“.