Илон Маск во средата го лансираше долго најавуваниот стартап за вештачка интелигенција „xAI“, претставувајќи тим од инженери со кои сака да создаде алтернатива за ChatGPT.
Стартапот ќе биде предводен од Маск, извршниот директор на „Tesla“ и сопственик на „Twitter“, кој неколкупати изјави дека развојот на вештачката интелигенција треба да се паузира и да се регулира.
„Го објавувам основањето на @xAI за да ја разбереме реалноста“, напиша Маск во средата на Twitter.
Во стартап тимот се Игор Бабушкин, поранешен инженер на „DeepMind“, Тони Ву, кој работел за „Google“, Кристијан Сегеди, истражувач на „Google“ и Грег Јанг, кој работел за „Microsoft“.
Маск е единствен директор, а Џеред Бирчал, управниот директор на неговата семејна канцеларија, е секретар.
Милијардерот во април изјави дека ќе го основа TruthGPT, односно вештачка интелигенција којашто повеќе ќе се залага за вистината за да не се натпреварува со Bard na „Google“ и Bing на „Microsoft“.
Генеративната вештачка интелигенција дојде во центарот на вниманието откако „OpenAI“ го лансираше популарниот чет-бот ChatGPT во ноември минатата година, пред Bard и Bing.
Новата компанија на Маск е одвоена од „X Corp“, но тесно ќе соработува со „Twitter“, „Tesla“ и другите компании од неговото деловно царство.