![testiranje koronavirus kovid-19](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/testiranje-koronavirus-kovid-19.jpg?resize=645%2C430&ssl=1)
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 866 тестови, а регистриран е 141 нов случај на КОВИД-19. Во: Скопје – 79, Прилеп и Кавадарци – по 9, Куманово и Битола – по 7, Охрид – 6, Тетово – 4, Велес – 3, Кичево, Гевгелија и Ресен – по 2, Гостивар, Штип, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево, Берово, Кратово и Богданци – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (141), има 45 реинфекции.
Евидентирани сe 84 оздравени пациенти од: Скопје – 50, Кавадарци – 7, Штип – 6, Прилеп – 5, Крива Паланка – 3, Куманово, Битола и Гевгелија – по 2, Охрид, Тетово, Велес, Кочани, Свети Николе, Валандово и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, пријавено е едно починато лице од Скопје (84г), во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.160.118 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 341.889, бројот на оздравени пациенти е 331.679, на починати е 9.516, а на активни случаи изнесува 694.