Има жртви во новите земјотреси во Турција и над 200 повредени

Најмалку три лица загинаа, а 213 се повредени во земјотресите што вечерва ја погодија Турција, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Според прелиминарните податоци, земјотресот бил со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Потоа следеа уште два земјотреси со јачина од 5,8 степени, а потоа уште два земјотреси со јачина од 5,2 степени.