
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук профил сподели видео во кое пишува дека доаѓа обновата на Македонија.
-Да си ја направиме Македонија горда, достоинствена, онаква каква што нашите предци ја сонувале и онаква каква што ние имаме аманет да им ја оставиме на нашите наследници.
#ОбноваНаМакедонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Инаку видеото е од средбата со граѓани на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.