Премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пенрадовски повторно се во расчекор од синоќа, бидејќи синоќа во интервјуто за ТВ 21 во емисијата „Клик плус“ Пендаровски рече ори контактирале со Фајзер за вакцини, а оттаму добиле одговор дека не разговараат со држави под два милиона жители, додека утрово во објава на Владата Заев вели дека во директни разговори со Фајзер министерот Филипче обезбедил 800 000 дози фајзер вакцини.
Прашање е сега на кого да му веруваат граѓаните – на премиеро или на претседателот?
„Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против КОВИД-19. Првите 5.850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди“, објави
Пендаровски во интервјуто истакна дека со уште еден министер биле во комуникација со „Фајзер“, од каде им било укажано дека сега предност имаат големите држави со стотици милиони жители, додека не разговараат со жители кои се помали од два милиони.
Разговорот, кажа Пендаровски, бил пред Нова Година.
„Да споделам една коресподенција која јас и еден од нашите министри ја имавме со најголемата компанија „Фајзер“ пред Нова Година кога се обративме во седиштето. Прво не прашаа која е големината на потенцијалните консументи, и кога кажавме дека сме околу два милиони луѓе, разговорот брзо заврши.
Рекоа дека во овој момент имаме неверојатно навалување на држави со стотици милиони жители. Така била политиката, да не разговараат со држави помалку од 2 милиони жители“, рече Пендаровски кој додаде дека системот „Ковакс“ потфрлил.