Имињата на хонорарците се заштитуваа од евентуални навреди и злоупотреби, истакнува Арсовски

Имињата на хонорарците ангажирани од владата не биле објавени бидејќи тие можело да бидат цел на критики и закани од страна на јавноста, вели во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, владиниот портпарол, Душко Арсовски. Како што кажа тој, во минатото имало појава на злоупотреба на имиња.

„Во едно поларизирано време, така да го наречам, овие луѓе се потенцијална мета затоа што во минатото сме имале такви искуства. Имиња буквално да се линчуваат од разни центри, ботови и тн. Тие во секој случај не го заслужуваат тоа ако извршуваат работни задачи коишто им се дадени, а од некои центри, коишто имаат други намери, ги нарекуваат предавници или да се упатуваат разни закани“, вели Арсовски.