Според официјалните проекции, имиграцијата се очекува да додаде 6,1 милиони луѓе на населението во Обединетото Кралство до средината на 2036 година, зголемувајќи го притисокот врз британскиот премиер Риши Сунак да ја намали пред изборите.
Канцеларијата за национална статистика (ONS) во вторникот соопшти дека населението во Обединетото Кралство се предвидува да се зголеми од 67 милиони во средината на 2021 година на 73,7 милиони во средината на 2036 година, речиси целосно предизвикано од миграцијата.
Скокот во текот на 15-годишниот период одразува проекција за 541.000 повеќе раѓања од смртни случаи и меѓународна миграција од 6,1 милиони луѓе, објаснија од ONS.
Бројките објавени во ноември покажаа дека годишната нето миграција во Обединтетото Кралство достигнало рекордни 745.000 во 2022 година и оттогаш останува на високо ниво.
Премиерот Сунак е под притисок да го намали високото ниво на легална миграција која долго време доминираше во политичкиот пејзаж на Велика Британија и ќе биде главен проблем на изборите најавени подоцна оваа година.
Неговата влада минатиот месец најави построги визни мерки во обид да го намали бројот на мигранти. Овој потег беше критикуван од компаниите и синдикатите.