
Адвокатката Ирена Фрчкоска, која ја застапува довчерашната специјална обвинителка Катица Јанева во интервју рече дека подготвуваат барање за укинување на мерката притвор за Јанева, а како гаранција ќе го понудат нејзиниот имот. Адвокатката во интервју за ТВ 21 вели дека со разрешувањето на Јанева се намалени основите поради кои е изречена мерката притвор, оти таа веќе нема статус на специјален обвините и не може да ја компромитира, да влијае и да ја злоупотребува својата функција. Јанева е во притвор од 21 август за вмешаност во случајот Рекет.
Нејзината адвокатка вели дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката притвор.