Имунизацијата против коронавирусот во Србија започна од премиерката Брнабиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ во четвртокот прва во Србија ха прими вакцината против коронавирусот, одбележувајќи го почетокот на масовната кампаеа за вакцинација со американско-германската вакцина на тандемот „Pfizer/BioNTech“.

Околу 4.875 дози од вакцината на „Pfizer/BioNTech“ пристинаа во вторникот во Срнија, прва држава на Балканот којашто го доби овој препарат против коронавирусот.

„Конечно, првпат од 6-ти март, имаме причина за насмевка, бидејќи денеска е денот кој го одбележува крајот на пандемијата на коронавирусот, секако во Срнија, но и во цела Европа и во светот“, изјави Брнабиќ за новинарите по вакцинирањето во Белград.

Додаде дека Србија е првата држава по Велика Британија којшато започна со вакцинацијата во Европа, а таа е првата премиерка којашто ја примила вакцината. Покрај Брнабиќ, се вакцинираше и и министерката за труд и социјална политика Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Брнабиќ изјави дека таа и претседателот Александар Вучиќ ќе се вакцинираат со различни вакцини. Вучиќ, како што се најавува веројатно со вакцината на кинеската компанија „Sinopharm“.

Премиерката истакна дека „чувствувала обврска прва да ја прими вакцината за да покаже дека властите веруваат во оваа вакцина“ и оти треба да се има доверба во српските институции.

Кинеската вакцина и руската „Спутник V“ од која примерици пред две седмици беа донесени на проверка во Србија, наскоро во поголеми количества треба да стасаат во земјата, но Брнабиќ не откри точно кога. Само најави дека повеќето вакцини на „Pfizer/BioNTech“ ќе ја добијат штитеници на домовите за стари и немоќни лица.